N3 IMU GNSS Receiver
N3 GNSS приемникот, во кој е вградена новата К8-платформа, ги поставува новите стандарди на прецизност и ефикасност. На располагање има 1198 канали за следење на повеќе од 50 сателити во ист момент, и овозможува работа со сателитските системи GPS, BDS-2, BDS-3, GLONASS, Galileo, QZSS, IRNSS и SBAS. Оваа платформа е дизајнирана да поддржи теренски активности со максимална прецизност и сигурност.
Со надградена IMU технологија, врши потполна автоматска калибрација без потреба за дополнителни подготовки. Поддржува наклон до 120° со прецизност од 2.5cm, со што се зголемува удобноста при мерењето.
Силната UHF радио комуникација помеѓу контролерите гарантира до 15 километри опсег на работа, со само 2W потрошувачка на енергија. Со интегрираната UHF технологијата која работи во опсег на фреквенции од 410 до 470 MHz, овој приемник обезбедува сигурна комуникација и стабилност во различни услови.
Независно во какви теренски услови работите, овој GNSS приемник е опремен со сите карактеристики кои ви се потребни, и нуди можност за аквизиција на податоци на долг временски период од 25 часа до наредно полнење на батеријата.




Leave a Reply