Tag: comnav

  • COMNAV T300 Plus GNSS

    COMNAV T300 Plus GNSS

    • Следење на сите сигнали
    • 1408 канали
    • Позициона стапка 20Hz
    • 8GB меморија
    • IMU
    • BT/WiFi/GSM
    • Радио 2W
    • 1 камера
    • -40°C/+65°C
    • IP68

    T300 Plus GNSS Receiver

    T300 Plus е GNSS приемник за кој комбинира врвна технологија која што е лесна за употреба во било какви теренски услови и претставува надградена варијанта на GNSS приемникот T300. Со напредна трета генерација на QUANTUM™ технологија, овој GNSS приемник е спремен да прима сигнали од сателитите преку 965 канали истовремено. Ова му овозможува да добива податоци за позиционирање од поголем број сателити, вклучувајки ги: GPS, BDS, GLONASS, Galileo, QZSS, Navic и SBAS, што ја подобрува брзината и сигурноста на резултатите.

    GNSS приемникот е оптимизиран да испорачува високи перформанси, притоа одржува ниска потрошувачка енергија што овозможува батеријата да работи подолго време без потреба од често полнење. Приемникот е компатибилен со Survey Master софтверот, кој овозможува лесен и интуитивен работен тек.

    T300 Plus нуди удобност при мерењата затоа што има можност за наклонување до 120 степени со висока прецизност. Подобрена комуникација преку користење на WIFI, 4G и UHF модулите, овозможува да работите без проблеми на било која локација.

  • COMNAV N3 IMU GNSS

    COMNAV N3 IMU GNSS

    • Следење на сите сигнали
    • 1408 канали
    • Позициона стапка 20Hz
    • 8GB меморија
    • IMU
    • BT/WiFi/GSM
    • Радио 2W
    • 1 камера
    • -40°C/+65°C
    • IP68

    N3 IMU GNSS Receiver

    N3 GNSS приемникот, во кој е вградена новата К8-платформа, ги поставува новите стандарди на прецизност и ефикасност. На располагање има 1198 канали за следење на повеќе од 50 сателити во ист момент, и овозможува работа со сателитските системи GPS, BDS-2, BDS-3, GLONASS, Galileo, QZSS, IRNSS и SBAS. Оваа платформа е дизајнирана да поддржи теренски активности со максимална прецизност и сигурност.

    Со надградена IMU технологија, врши потполна автоматска калибрација без потреба за дополнителни подготовки. Поддржува наклон до 120° со прецизност од 2.5cm, со што се зголемува удобноста при мерењето.

    Силната UHF радио комуникација помеѓу контролерите гарантира до 15 километри опсег на работа, со само 2W потрошувачка на енергија. Со интегрираната UHF технологијата која работи во опсег на фреквенции од 410 до 470 MHz, овој приемник обезбедува сигурна комуникација и стабилност во различни услови.

    Независно во какви теренски услови работите, овој GNSS приемник е опремен со сите карактеристики кои ви се потребни, и нуди можност за аквизиција на податоци на долг временски период од 25 часа до наредно полнење на батеријата.