STONEX X70GO SLAM

  • Ротациска глава 360°
  • 200.000 точки/секунда
  • 2 камери
  • Минимален опсег: 0,1 m
  • Максимален опсег: 70 m
  • Автоматско мерење на контролни точки
  • Ергономски дизајн

Нова ера на хибридно скенирање
X70GO е уред за реконструкција на 3D модели во реално време кој интегрира инерцијален навигациски модул, компјутер со висока перформанса и систем за складирање. Тој е опремен со 360° ротирачка глава, која, во комбинација со SLAM алгоритамот, генерира високопрецизни податоци за облак од точки.

Камерата со 12 MP за видливиот дел од спектрот обезбедува текстурни информации, додека визуелната камера гарантира посилна прегледност во реално време со GOapp. Резултатите од мапирањето се генерираат во скенерот, веднаш по скенирањето.

X-WHIZZ РЕЖИМ
X70GO ги спојува мобилното и стационарното геодетско мерење. На поволното SLAM решение, кое овозможува мерење на големи површини за многу кратко време, му се додава стационарен режим за скенирање со повисока резолуција. Монтирајте го X70GO на монопод и поставете го скенерот во клучните области неколку секунди. Тоа е совршен компромис за оние кои треба брзина и детали во мобилното мерење.

Резултати во реално време
Вградената визуелна камера ја прави SLAM алгоритамот во реално време постабилен, особено во околини со слаби структурни текстури. Податоците се подготвени за користење веднаш штом се заврши мерењето.

Брзина на работа
Нема повеќе потреба од повеќе скенери, само движете се низ подражјето од интерес за да соберете целосен 3D облак од точки.

Автоматско мерење на контролни точки
Кога собира податоци, X70GO може да собира и референтни точки. Тие можат да се совпаѓаат со познати контролни точки за геореференцирање на скенирањата.

Високи перфоманси
Системот може директно да ги генерира резултатите од мапирањето по завршувањето на снимањето. Дополнително, во пост-обработка на податоците може да се подобри нивната точност.

Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *