- Следење на сите сигнали
- 1408 канали
- Позициона стапка 20Hz
- 8GB меморија
- IMU
- BT/WiFi/GSM
- Радио 2W
- 1 камера
- -40°C/+65°C
- IP68
Моделот S880 е напреден GNSS приемник кој ги задоволува потребите за различни апликации во геодезијата почнувајќи од катастарски апликации па се до напредни и прецизни мерења во инженерската геодезија. Една од неговите клучни карактеристики е интеграцијата на камерата на дното од приемникот, која му обезбедува на операторот помош при обележувањето на точки на терен во реално време. Видеото добиено од камерата обезбедува значително полесна и поедноставна навигација до бараната точка, прикажувајќи го растојанието до точката која се обележува во комбинација со видеото добиено од камерата. Интерфејсот на софтверот Cube-a користи визуелни алатки за да го води операторот до точната позиција која се обележува. Има графички елементи кои ја означуваат насоката на точката и растојанието. Графичките елементи се менуваат во реално време во зависност од растојанието помеѓу моменталната позиција на приемникот и точката што треба да се обележи.
Приемникот има интегриран радио примопредавател со моќност од 2W, брзина на позиционирање од 20 Hz и интегриран IMU, што обезбедува комоција и брзина во работата. Капацитетот на меморијата на уредот од 8 GB што претставува голем капацитет за складирање на мерења во статички режим на работа, и 4G GSM модем.
S880 е дизајниран обезбеди непречена работа во ексремни услови. Може непречено да функционира на температури кои се движат од -40°C до +65°C и има степен на заштита IP68 што значи отпорност на вода и прашина.
Дополнително, уредот е отпорен на паѓање до 1,5 метри, обезбедувајќи сигурност во тешки услови за работа. И покрај неговите робусни способности, S880 има лесен дизајн и тежина од 730 g, што го прави многу погоден за повеќечасовна непрекината работа, додека интегрираната батерија обезбедува непречена работа од најмалку 10 часа.




Leave a Reply