Category: Uncategorized

  • Stonex S900 + сталак

    ДО 50% ПОПУСТ

    ЗА НОВ ПОЧЕТОК ВО НОВАТА ГОДИНА

    ГОЛЕМА

    РАСПРОДАЖБА

    Акцијата трае до завршување на залихите

  • ласер + сталак

    01/03-08/03 2025

    ДО 50% ПОПУСТ

    акција

  • Slider 1

    GNSS
    ПРИЕМНИЦИ

  • Slider 2

    GNSS ПРИЕМНИЦИ

  • slider3

    GNSS ПРИЕМНИЦИ

  • COMNAV T300 Plus GNSS

    COMNAV T300 Plus GNSS

    • Следење на сите сигнали
    • 1408 канали
    • Позициона стапка 20Hz
    • 8GB меморија
    • IMU
    • BT/WiFi/GSM
    • Радио 2W
    • 1 камера
    • -40°C/+65°C
    • IP68

    T300 Plus GNSS Receiver

    T300 Plus е GNSS приемник за кој комбинира врвна технологија која што е лесна за употреба во било какви теренски услови и претставува надградена варијанта на GNSS приемникот T300. Со напредна трета генерација на QUANTUM™ технологија, овој GNSS приемник е спремен да прима сигнали од сателитите преку 965 канали истовремено. Ова му овозможува да добива податоци за позиционирање од поголем број сателити, вклучувајки ги: GPS, BDS, GLONASS, Galileo, QZSS, Navic и SBAS, што ја подобрува брзината и сигурноста на резултатите.

    GNSS приемникот е оптимизиран да испорачува високи перформанси, притоа одржува ниска потрошувачка енергија што овозможува батеријата да работи подолго време без потреба од често полнење. Приемникот е компатибилен со Survey Master софтверот, кој овозможува лесен и интуитивен работен тек.

    T300 Plus нуди удобност при мерењата затоа што има можност за наклонување до 120 степени со висока прецизност. Подобрена комуникација преку користење на WIFI, 4G и UHF модулите, овозможува да работите без проблеми на било која локација.

  • COMNAV N3 IMU GNSS

    COMNAV N3 IMU GNSS

    • Следење на сите сигнали
    • 1408 канали
    • Позициона стапка 20Hz
    • 8GB меморија
    • IMU
    • BT/WiFi/GSM
    • Радио 2W
    • 1 камера
    • -40°C/+65°C
    • IP68

    N3 IMU GNSS Receiver

    N3 GNSS приемникот, во кој е вградена новата К8-платформа, ги поставува новите стандарди на прецизност и ефикасност. На располагање има 1198 канали за следење на повеќе од 50 сателити во ист момент, и овозможува работа со сателитските системи GPS, BDS-2, BDS-3, GLONASS, Galileo, QZSS, IRNSS и SBAS. Оваа платформа е дизајнирана да поддржи теренски активности со максимална прецизност и сигурност.

    Со надградена IMU технологија, врши потполна автоматска калибрација без потреба за дополнителни подготовки. Поддржува наклон до 120° со прецизност од 2.5cm, со што се зголемува удобноста при мерењето.

    Силната UHF радио комуникација помеѓу контролерите гарантира до 15 километри опсег на работа, со само 2W потрошувачка на енергија. Со интегрираната UHF технологијата која работи во опсег на фреквенции од 410 до 470 MHz, овој приемник обезбедува сигурна комуникација и стабилност во различни услови.

    Независно во какви теренски услови работите, овој GNSS приемник е опремен со сите карактеристики кои ви се потребни, и нуди можност за аквизиција на податоци на долг временски период од 25 часа до наредно полнење на батеријата.

  • STONEX GNSS S880

    STONEX GNSS S880

    • Следење на сите сигнали
    • 1408 канали
    • Позициона стапка 20Hz
    • 8GB меморија
    • IMU
    • BT/WiFi/GSM
    • Радио 2W
    • 1 камера
    • -40°C/+65°C
    • IP68

    Моделот S880 е напреден GNSS приемник кој ги задоволува потребите за различни апликации во геодезијата почнувајќи од катастарски апликации па се до напредни и прецизни мерења во инженерската геодезија. Една од неговите клучни карактеристики е интеграцијата на камерата на дното од приемникот, која му обезбедува на операторот помош при обележувањето на точки на терен во реално време. Видеото добиено од камерата обезбедува значително полесна и поедноставна навигација до бараната точка, прикажувајќи го растојанието до точката која се обележува во комбинација со видеото добиено од камерата. Интерфејсот на софтверот Cube-a користи визуелни алатки за да го води операторот до точната позиција која се обележува. Има графички елементи кои ја означуваат насоката на точката и растојанието. Графичките елементи се менуваат во реално време во зависност од растојанието помеѓу моменталната позиција на приемникот и точката што треба да се обележи.

    Приемникот има интегриран радио примопредавател  со моќност од 2W, брзина на позиционирање од 20 Hz и интегриран IMU, што обезбедува комоција и брзина во работата. Капацитетот на меморијата на уредот од 8 GB што претставува голем капацитет за складирање на мерења во статички режим на работа, и 4G GSM модем.

    S880 е дизајниран обезбеди непречена работа во ексремни услови. Може непречено да функционира на температури кои се движат од -40°C до +65°C и има степен на заштита IP68 што значи отпорност на вода и прашина.

    Дополнително, уредот е отпорен на паѓање до 1,5 метри, обезбедувајќи сигурност во тешки услови за работа. И покрај неговите робусни способности, S880 има лесен дизајн и тежина од 730 g, што го прави многу погоден за повеќечасовна непрекината работа, додека интегрираната батерија обезбедува непречена работа од најмалку 10 часа.

  • STONEX GNSS S850+

    STONEX GNSS S850+

    • Следење на сите сигнали
    • 1408 канали
    • Позициона стапка 20Hz
    • 8GB меморија
    • IMU
    • BT/WiFi/GSM
    • Радио 1W
    • 1100 грама
    • -40°C/+65°C
    • IP68

    Stonex S850+ GNSS ресиверот е опремен со GNSS плоча  со 1408 канали, која овозможува прием на сигнали од сите констелации на сателити како GPS, GLONASS, BEIDOU, GALILEO и QZSS. Овој приемник е одлично решение за секоја геодетска задача.

    Со својот напреден дизајн, S850+ има одлични способност  за следење на GNSS сигналите и отпорност на пречки. Неговата преносливост и брзина на работа го прават особено погоден за теренска работа во области со сложен терен.

    Stonex S850+ доаѓа опремен со сите неопходни конекции, вклучувајќи вграден Bluetooth, Wi-Fi, UHF радио и глобално компатибилен 4G GSM модем. Ресиверот исто така интегрира IMU систем, овозможувајќи мерење со наклон (TILT) до 60°, обезбедувајќи брза иницијализација и прецизно одредување на позицијата.

  • Hello world!

    Welcome to WordPress. This is your first post. Edit or delete it, then start writing!