- Прецизност 0.5″ / 1″ / 2″
- Мерење со призма до 6000m
- Точност со призма 1mm+1ppm
- Мерење без призма до 1000/800m
- Точност без призма 2mm+2ppm
- Моторизирана 180 степени / секунда
- Bluetooth / WiFi / GSM 4G
- 2 Екрани во боја
- IP65
R180 е високо прецизна и брза роботизирана станица со Android оперативен систем. Има брзина на ротација од 180°/сек и EDM прецизност од 1 mm + 1 ppm, со опсег до 1000 m без призма. R180 е достапен во две верзии, 0,5″ и 1″ секунда. Опремен со оперативниот систем Android, R180 има Cube-a како софтвер за управување на инструментот.
Софтверот Cube-a ги вклучува сите класични функции, како и интеграција на задачи направени со GNSS и со тоталната станица. Ова им овозможува на операторите да постигнат комплексна и професионална работа за кратко време и со висока прецизност. Дополнително, R180 има камера и светлосен водич за понатамошно олеснување на теренската работа.
OnePole конфигурација
OnePole konfiguracijata е систем за мерење што ја комбинира високата прецизност на мерењата со призма со можноста за мерење точки кои не се видливи од тоталната станица (TS), so користење на GNSS технологија.
Додека TS бара референтни точки што мора да бидат видливи од станицата, RTK GNSS приемникот може брзо да ја одреди својата позиција со сантиметарска прецизност.
OnePole конфигурацијата овозможува истовремена употреба на TS и GNSS и лесно може да се префрли помеѓу двете со едноставен допир на копче. Дополнително, системот го намалува времето на пребарување на призмата преку автоматско насочување кон тековната GNSS позиција.



Leave a Reply